Во издание на бугарската издавачка куќа „Мелник“ и во редакција на поетесата Катја Ерменкова, деновиве од печат излезе бугарскиот превод на романот „Премин во маглата“ од македонскиот писател и публицист Мишо Јузмески. Преводот е на Иван Топалски, кој се смета за еден од најдобрите бугарски преведувачи на македонската литература на бугарски јазик, со што се гарантира и квалитетот на објавениот превод. Книгата е објавена во 1000 примероци, кои наскоро би требало да се дистрибуираат во книжарниците низ Република Бугарија. Иако ова е неговото прво обемно дело преведено на бугарски јазик, Јузмески за бугарската читателска публика е познат и преку неговите претходно објавени текстови во разни бугарски весници и списанија.
Првото оригинално издание на книгата „Премин во маглата“ беше објавено во 2005 година во издание на издавачката куќа „Современост“ од Скопје. Кон крајот на минатата година книгата беше издадена и на англиски јазик, во превод на американскиот писател и преведувач од македонско потекло Мајкл Серафинов.
Со богата и свечена приредба, вчеравечер учениците од ООУ „Св Климент Охридски“ го одбележаа патронатот на своето училиште Темата на овогодинешниот настан беше „Бајките и приказните – мудроста на м...
Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска ...
Денес во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“ На изложбата ќе бидат презентирани 80 експон...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.