Од 24-ти до 26-ти октомври во Белград, Србија, ќе се реализира проектот насловена како „Севдах – Балканот во нашите очи и обратно“, во рамки на кој предавање ќе има охридскиот публицист Мишо Јузмески.  

Како што објаснува Јузмески, настанот претставува согледување на Балканот и просторот на поранешните југословенски републики во очите на Холанѓаните и обратно.

На предавањето, конкретно ќе зборувам за тоа кој бил А. ден Долард и кое е неговото значење овие простори претставено преку неговата книга „Свадбата на 7-те Цигани“.  За време на дискусијата, ќе стане зор и за други автори, но временски гледано според делата кои се напишани, Долард има најголем обем и најголемо значење за нас. “ -објаснува Јузмески.

Тој потенцира дека најголемиот холандски „абмасадор“ на Македонија, А. ден Долард, повеќе од половина век активно се занимавал со истражување на Балканот, трошејќи го целокупниот свој интелектуален капацитет за промоција на Охрид во Холандија.

Пред се, тоа се неговите книги посветени на Македонија и поранешните југословенски простори, каде во одредени делови се споменува Охрид. Од холандска страна, тој го посветил својот интелектуален капацитет во промоција на нашиот град и земја. Од друга страна, се уште сметам дека авторот малку се познава и цени, односно имаме бледа претстава за тоа кој всушност бил Долард.“ – истакна Јузмески.

Односот кој Охрид и Македонија го имаат кон овој културен промотор на Охрид од минатиот век, може да согледа по очајната состојба на спомен-обележјето посветено токму на А. ден Долард

Имаме споменик кој слабо се оддржува, а малку луѓе или само поединци се имаат запознаено со неговото вистинско значење. Кога луѓето повеќе би го проучиле овој холандски пистател, во секој случај односот драстично би се сменил.“ – истакнува Јузмески.

Инаку, програмата на овој настан предвидува предавање на Јелица Новаковиќ – Лопушина, музичка претстава заснована врз романот „Свадбата на седумте Цигани“ од А. ден Долард во изведба на Квирине Мелсен, како и дискусија предводена од Милена Ѓорѓиевиќ.

Настанот ќе биде оддржан на три различни локации, и тоа во Народната библиотека на Србија, Културниот центар Гроцка во близина на Белград и во домот на семејството Павловиќ.

O.T.