Познатото охридско кајче се помалку плови на Охридското Езеро. Такси кајчињата, пак, речиси и да ги нема.  Ги заменија катамарани, глисери, едрилици и бродови.

Голем дел од кајчињата се извадени на суво, лежат на јавни површини, како што е случај со единствената слободна плажа во стариот дел на градот Сараиште. По објавата на OhridNews, општината упати апел до сопствениците да ги отстранат. Рокот истекува викендов, по што општината најави дека ќе ги отстрани на трошок на сопствениците.

Слична е состојбата и во каналот Студенчишта. Голем дел од кајчињата кои се чуваат таму не пловат. Дел се оставени на забот на времето и поплавени.

Некогаш кајчињата беа главно превозно средство на Охридското Езеро. Денес се помалку се употребуват.

OhridNews