
Власта мора да одговори дали е точно дека од угината овца е донесен примерок за испитување на ветеринарниот факултет каде е детектирана болеста антракс и веќе две недели се молчи за оваа ситуација? Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија. Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има? – праша Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот Димковски мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на оваа заразна болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето, или се чека болеста да земе замав и да има последици по животите на граѓаните.
Во меѓу време потврдено е дела заразната болест е констатирана кај угината овца во село во кичевско.
OhridNews










