Во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи, од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со СВР Охрид, ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга, во текот на вчерашниор ден била извршена контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога.

При претресот околу 19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ.П. пронајдена е околу 250 грама марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга со цел понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти полицијата.

OhridNews