Кабаст отпад покрај контејнери, на тротоари, зелени површини… Ова е честа слика во Охрид и ова лето.
Последниот пример е од улица „Галичица“ каде некој од жителите се ослободил од покуќнината, што предизвика револт кај соседите. Случајот е пријавен во јавното комунално претпријатие од каде се чека реакција.
За жал. ваквата слика стана честа појава во Охрид, особено во летната сезона кога се полни и викенд становите, а сезоната на реновирање и ситни поправки во домовите е во полн ек. Но, загрижуваат лошите навики на граѓани на кои најлесно им е од вишокот покуќнина да се ослободат оставајќи го на јавна површина.

Граѓаните бараат итна акција на комуналните служби, вклучително и на надлежниот инспекторат, посочувајќи дека е време да се воспостави ред во оваа сфера, а прекршителите соодветно да се казнуваат.
OhridNews












