Модните додатоци за глава од типот на шапки, качкети, зимски капи и шешири се повеќе се застапени кај помладата популација. Со доаѓањето на зимскиот период, овие додатоци се неопходен дел од облеката на луѓето. Тие претставуваат заштита во ладните денови, а  особено се корисни за оние кои се изложени на студ и снег. Во оваа категорија спаѓаат најмладите, потоа планинарите и оние кои се занимаваат со зимски спортови.


Овој брзорастечки тренд е во вистински подем, а во текот на целата година луѓето ги носат овие модни додатоци. Ако до пред некоја деценија на качкетите се гледаше како капа која ја носат постарите лица, сега низ улиците во земјава можат да се забележат сите категории на граѓани кои ги обожуваат овој вид на капи.

Уште во 70-тите години во Англија, качкетите се носеле како идентификување со определена идеолошка култура. Карактеристични биле за „скинхед“ движењето во раните 70-ти години, но исто така како и шеширите, се среќаваат кај блуз и џез музичарите. Денеска младите ги носат со една конкретна цел заштита од студот.

Овие капи се удобни, а модата ги прави се попривлечни за носење. Некако се „шик“, а со нив се чувствуваме попријатно. Исто така, во овие зимските денови популарните качкети ја одржуваат топлината.“ – вели еден наш сограѓанин.

Оние кои се занимаваат со мода, потенцираат дека изборот на бојата на капите, зависи од облеката која ја носиме. Сепак, капата треба да биде соодветна со обликот на главата, а со неа да се чувствуваме пријатно. Како и да е, капите претставуваат „зимска опрема“ која треба да ја поседува секој човек. Со неа, се заштитува главата, а модните дизајнери стануваат се покреативни во создавањето на различни видови шапки.

 

OhridNews