Охриѓани и туристите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Утревечер „Cuba Libre beach & bar“ е резервиран за ново евергрин уживање со безвременските музички хитови. Настапуваат Емилија Маринова – пиано и вокал, Горан Папаз – саксофон и Филип Стојковски Зизи – тапани, со нивниот извонреден проект „Smile Dance Love“. Забавата започнува во 22 часот.

Незаборавна саботна забава ветуваат и од Lounge bar & boutique hotel „Mister I“, каде ќе настапи Dj Gec. Почетокот на забавата е во 22 часот.

Оваа сабота добра музичка забава ќе има и во кабаре клубот „Еспана“. Старт во 22 часот.

Во интернационалниот ресторан „Опера“ на Кеј „Македонија“ oвој петок и сабота од 20 часот гостите ќе може да уживаат во одбрана музика во живо. Реномирани естрадни уметници ќе изведуваат македонски и светски евергрини, а сето тоа ќе биде надополнето со прекрасен амбиент, ексклузивен избор на храна и пијалаци и одлична услуга.

Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети во петок и сабота со почеток во 20 часот ќе може да бидат дел од атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.

Забави со староградска музика викендов ќе се организираат и во „Kadmo Lounge Bar“. Гостите ќе може да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови други пијалаци.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews