Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.
Вечерва во „Cuba Libre beach & bar“ гостите ќе ги забавува „Iguana band“. Бендот го сочинуваат: Тања Димова Трајанова – вокал, Александар Трајанов – гитара, Горан Гешовски – бас и Сашо Стојановски – тапани. Почеток на забавата е во 22:00 часот.
Како и секоја сабота така и оваа, незаборавна забава ветуваат од Lounge bar & boutique hotel „Mister I“, каде ќе настапат „The Hounds“. Старт 22:00 часот.
Утревечер, гостите во „Cuba Libre beach & bar“ ќе може да уживаат во настапот на Ѓоко Танески и неговиот препознатлив репертоар. Забавата започнува во 22:00 часот.
Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети во петок и сабота со почеток во 20 часот ќе може да уживаат во атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.
Забави со староградска музика викендов ќе се организираат и во „Kadmo Lounge Bar“. Гостите ќе може да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови други пијалаци.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews