Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.
Во сабота на 6-ти февруари, во Lounge bar & boutique hotel „Mister I“ ќе има незаборавна забава со The Hounds. Старт 22 часот.
Овaa сабота „Cuba Libre beach & bar“ е резервиран за настапот на Jordan Manov feat. SHEXPEARE Band. Забавата започнува во 22 часот.
Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети во петок и сабота со почеток во 20 часот ќе може да уживаат во атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.
Забави со староградска музика викендов ќе се организираат и во „Kadmo Lounge Bar“. Гостите ќе може да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови други пијалаци.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews