Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Вечерва  во клубот „Cuba Libre Beach&Bar“ гостите ќе ги забавува популарниот бенд „Rocky & friends“. Забавата започнува во 22 часот.

Во сабота на 23-ти јануари, во Lounge bar & boutique hotel „Mister I“ ќе има незаборавна забава со Dј Gec. Старт 22 часот.

Утревечер гостите во „Cuba Libre beach & bar“ ќе бидат дел од забавата која ќе ја приреди Ѓоко Танески со својот препознатлив репертоар.

Добра забава со екстра турбо фолк музика вечерва и утревечер најавуваат од „Еспана Клуб“. Забавата започнува во 22 часот.

Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети вечерва и утревечер со почеток во 20 часот ќе може да уживаат во атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews