Божиќ е, расположението е одлично. Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во живи свирки и настапи на диџеи во охридските барови и ноќни клубови.
Во Кадмо бар викенд забавата почнува попладнево во 16 часот со “after work party” и настап на популарниот Ѓоко Танески. Присутните ќе може да уживаат во специјалитети по промотивни цени: Кадмо мезе 150 денари, пица 120 денари. Вечерта е резервирана за салса забава со „CUBANO SOY“. Забавата започнува во 22 часот. Во лаунџ барот Кадмо, пак, викендите се резервирани за уживање со акустична музика.
Љубителите на добриот рок вечерва во лоунџ бар “NOA” ќе уживаат во музиката на „Betty’s boops“ и најдобрите рок теми.
Почетокот на забавата е во 21 часот.
Овој петок, во „Cuba Libre Beach & Bar“ гостуват „Rocky & friends“.
Забавата започнува во 22 часот.
Во Мезе бар и овој викенд (петок и сабота) уживање со акустична музика и вкусни специјалитети.
Почетокот на забавата е во 20 часот.
Во сабота, 9-ти јануари во “Mister I” настапува Dj Gec. Забавата започнува во 22 часот, а вие навреме резервирајте си место.
Љубителите на денс музиката во Хавана – Куба либре клубот вечерва, петок, ќе може да уживаат во сетот на Dj Juxell. Во сабота настапува DJ.MM-DEEP/TECH HOUSE.
Почетокот на забавите е во 23 часот.
Во сабота вечер, 9-ти јануари, во Куба либре настапува Ѓоко Танески. Забавата почнува во 22 часот.
Во Кадмо бар во сабота, 9-ти јануари настапува Dj Toni. Почетокот на забавата е во 22 часот.
Во сабота во Џез ин настапува Сашо Поповски Квартет. Влез 100 денари. Во недела, 10-ти јануари во Џез ин настапува извонредниот стендап комичар Никола Тодороски. Влезници во претпродажба по цена од 150 денари може да се најдат во Зи Зи Топ, а на денот на настанот тие ќе чинат 200 денари.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews





















