Охриѓани и гостите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Вечерва во 22 часот во клубот „Cuba Libre Beach&Bar“ ќе се организира уште една незаборавна евергрин вечер со „Smile Dance Love project“. Настапуваат: Емилија Маринова – пиано и вокал, Филип Стојковски Зизи – тапани и Горан Папаз – саксофон.

Добра забава најавуваат од „Еспана клуб“ каде вечерва во 23 часот настапува Ален Хасановиќ, еден од македонските претставници во шоуто „Ѕвездите на Гранд продукција“. Забавата во Еспана продолжува и во сабота со сет одбрана музика.

За забавата во „Cuba Libre Havana Night club“ вечерва ќе се погрижи Dj.Juxell, а утревечер Dj Gec.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews