Охриѓани и гостите и овој викенд имаат можност за добра забава во Охрид.
Вечерва, во „ Cuba Libre beach & bar“ е резервирана за музичко уживање, „ Smile Dance Love project“ со македонски евергрини. Настапуваат: Емилија Маринова – пиано и вокал, Филип Стојковски Зизи – тапани и Горан Папаз – саксофон. Забавата започнува во 22 часот.
“Шила“, градско место во срцето на чаршијата кое се повеќе се издвојува со својата уникатна приказна, продолжува со остварување на визијата за враќање на урбаниот сјај на охридскиот ноќен живот. Овој петок 13- ти е резервиран за журката симболично наречена “Диско против Малери“ – забава посветена на пријателите на “Шила“ и сите оние кои ја почитуваат добрата музика. Настапува DJ Crazy Slave легенда на македонската и екс-ју клубска сцена кој со уникатен музички “времеплов“ ќе ги потсети охриѓани зошто нивниот град беше синоним за квалитетен ноќен живот.
И овој викенд, вечерва и утревечер, староградска музика и овој викенд во „ KADMO Lounge Bar“. Уживајте во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови други пијалаци. Почеток на забавата 21 часот.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews