Охрид и Струга одамна се омилените летни дестинации за домашни, но и странски посетители. Секое лето е посебно токму поради познатите живописни охридски локали, полните струшки плажи, уживањето во зајдисонце и ноќниот живот исполнет со многу забава, концерти и журки до раните утрински часови, кои создаваат посебна летна магија.

Ако си за дневна шема и добра забава, тогаш:
Секоја сабота резервирај ја за една од најпопуларните плажи во Охрид – Park Golden Beach. Токму тука, покрај езерото, те очекува забавна летна програма за максимално уживање со многу позитивна енергија.
Ако пак плановите те однесат кон Струга и струшките плажи, тогаш верувај VERSUS beach bar мора да го посетиш. Секоја недела во Versus ќе најдеш идеално место за уживање со пријатна музика и одлична атмосфера.
Некаде помеѓу забавите и одморањето на популарните плажи, секој вторник на добропознатиот тревник пред SU restaurant & bar те чека кино на отворено, со внимателно одбрани филмови, совршени за опуштени вечери покрај езерото.

Охрид добива нова димензија и ритам во текот на вечерните часови. Ако сакаш добра журка, тогаш треба да знаеш дека секој петок HARBOUR Club во Охрид те очекуваат музика и изведувачи кои ќе те натераат да останеш подолго од планираното, а за IQOS корисниците и многу изненадувања.
Токму во Harbour Club, Охрид на 25 јули ќе се случи првиот настан со кој официјално ќе ја започне летната програма, каде ќе настапи еден од омилените музички таленти кај нас, нашата позната поп-пејачка Александра Јанева. Настанот е посветен на претставување на новото портфолио на IQOS ILUMA i и е дел од платформата IQOS CURIOUS X, проект кој ја поддржува локалната музичка сцена и го редефинира традиционалното во модерено. Платформата Curious X ги спојува традицијата и современото, преку музика, уметност и дизајн.

Преку платформата Curious X ќе имаш можност да учествуваш во редефинирање на два македонски евергрини и да гласаш за песната што ќе го носи новиот звук на летото. Летната програма е полна со активности, а како IQOS корисник, токму преку IQOS CLUB можеш да ги искористиш сите дополнителни придобивки што ги нуди ова лето.
Гласањето е отворено до 30 јули, а изборот ќе биде проследен со уште неколку изненадувања до крајот на сезоната.

Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.
Промо.текст: mk.iqos.com
OhridNews/PR











