Бездомните кучиња од Охрид нелегално се пренесуваат на депонијата во Буково, обвинуваат активистите за заштита на животните. На социјалните мрежи тие споделуваат фотографии на кои, како што тврдат, се гледа како се залововуваат бездонни кучиња и со бел пикап за кој сметаат дека е на јавно претријатие истите се носат на Буково. Случајот бил пријавен, но надлежните институции не презеле никакви мерки, велат тие.
Според активистите за заштита на животните, проблемот со бездомните кучиња треба да се решава на цивилизиран начин и согласно законот, кој исто така предвидува казни за институциите и поединци кои го прекршуваат.
Проблемот со бездомните кучиња во Охрид се провлекува со децении. Новиот градоначалник Јован Стојаноски на почетокот од својот мандат најави дека Општина Охрид ќе преземе конкретни активности за трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња. Како што најави тој, направен е почетен план кој опфаќа стерилизација, нега и згрижување на кучињата, што ќе се врши на доброволна основа и во соработка со здружението на граѓани „Анималиа“.
Истовремено ќе се бара и трајно решение за определуање на локација за стационар. Во соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ за справување со овој проблем. Проблемот не е краткорочен и неговото решавање може да трае подолго време. Затоа мора со заеднички напори на сите граѓани, како и општините Струга, Дебрца и Ресен заеднички да го решиме на долг рок, изјави неодамна Стојаноски.
OhridNews












