Кадетите на ФК Охрид ја продолжија низата победи откако на домашен терен го победија Влазними со 5-2. Играч на мечот беше Енгин Реџеп кој четири пати ја затресе противничката мрежа, еден гол беше дело на Антонио Крстаноски.


Младинците немаа среќа во дуелот против своите врсници ремизирајќи без голови 0-0.

Пионерите на Еврофудбал на домашен терен беа убедливо поразени од Морнар од Радожда со 5-1.