Полн погодок за охридскиот подмладок викендов. Во натпреварите од шестото коло и двете категории остварија победи над Новаци. Убедливи избраниците на Ѓоце Крстаноски, кои одиграа за чиста десетка и со 10-0 ги испратија своите врсници во Новаци.


Прв триумф за младинците на Борче Џајкоски кои благодарени на головите на Крстановски Антонио во 10 и 90 минута стигнаа до триумф од 2-1 за прва победа во шампионатот.

Ohridnews