Во рамки на јубилејната 30-та Поетска ноќ во Велестово, што се одржува на локации во Велестово и Охрид.вечерва, 21 јули од 21 часот, предвидено е гостување на поетскиот настан „Имам нешто да ти кажам“ кафѐ и бар ШИЛА.

“Огромно задоволство ни претставува што „Имам нешто да ти кажам“ и кафѐ и бар ШИЛА ќе бидат домаќини на Поетска ноќ Велестово, како дел од алтернативната програма на 30тото јубилејно издание на Поетска ноќ Велестово.“ – изјавуваат организаторите.

Со своја поезија ќе настапат авторите: Тихомир Јанчовски; Јовица Ивановски; Елизабета Баковска; Николина Андова Шопова; Ѓоко Здравески; Исток Улчар; Јулијана Величковска; Јован Цветкоски; Бисера Николовска; Сретен Стрезоски; Пере Ристескиl Иван Антоновски; Ана Христова (Бугарија); Иван Шопов.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуелниот бар и кафѐ во срцето на охридската чаршија, кој сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт-сцена во градот.

Како што е познато, на поетското читање „Имам нешто да ти кажам“ може да се пријави секој што сака и да прочита дел од својата поезија.

OhridNews