Претставниците на медиумите денеска во „Објектив“ ќе имаат можност да поразговараат со дел од учениците на 4-от Фестивал на францускиот филм.

На средбата со новинарите ќе присуствуваат Ив Босе, познат режисер и почесен гостин на фестивалот и актерите Брижит Катијон, Софи Кентон, Жан Жак Идо, актер кој играше во претпоследното филмско остварување на Квентин Тарантино и Филип Лоданбас, актер во наградуваниот филм „За луѓето и боговите“.

Фестивалот на францускиот филм викендов беше отворен со проекција на филмот “Анонимни емотивци”, на која присуствуваше режисерот Жан-Пјер Америс.

OhridNews