Фудбалерите и општо спортистите имаат чудни патеки до успехот, односно треба да поминат низ многу лавиринти да го најдат вистинскиот пат до посакуваната цел. Една таква приказна има хрватскиот репрезентативец Иван Раќитиќ кој моментално ги брани боите на Барселона.
Во 2011 година лекарски прегледи го делеа Раќитиќ од трансфер во шпнаска Севиља од германскиот бундеслигаш Шалке. Вечерта по слетувањето на аеродромот Иван со неговиот брат Дејан се сместиле во хотел и место стандардна вечера која била обезбедена од клубот се напиле кафе кое подоцна ќе му го промени животот на подобро.
– Тој момент ќе го паметам цел живот, бидејќи токму тој момент ми го промени животот. Келнерката во хотелот која не служеше вечерта со мојот брат ми остана во паметот и после комплетирање на договорот побарав од клубот одредено време да останам во истиот хотел. Имав проблем да комуницирам со неа, бидејќи таа не разбираше англиски, а јас многу малку зборував шпански и ми остануваше само да ја гледам секојдневно. – раскажува Раќитиќ за почетоците на кариерата во Севиља.
После одредено време Раќитиќ научил шпански и почнал да зборува и комуницира со девојката со име Ракел. Таа првично одбивала било каков контакт со фудбалерот со изговор дека нема да се задржи долго време и не сака такви авантури.
– Почетокот на кариерата во Севиља беше многу тежок, бидејќи шпанската лига бара многу повеќе од германската и 2-3 недели работев само на физикус без да додирнам топка, но кога ќе дојдев вечерта во хотелот се` ми поминуваше кога ќе ја здогледав Ракел. Нејзините зборови дека нема да се задржам долго во Севиља ме мотивираа и одѕвонуваа во мојата глава пред секој тренинг. Јас воопшто не се откажав од Ракел иако таа ме одби повеќе од 20 пати да излезиме. – додава фудбалерот.
Пред почетокот на сезоната хрватскиот репрезентативец морал да го напушти хотелот, откако клубот му обезбедил стан за живеење. Раќитиќ со тешко срце заминал од хотелот и се вселил во новото живеалиште. Но, сепак тој доаѓал скоро секој ден и повторно бил во друштво со неговата љубов.
За ситуацијата со Ракел, Хрватот известил дел од играчите кои биле од Севиља. Тие ја договориле Ракел и подоцна го повикале Раќитиќ кој не ја пропуштил шансата и ја ќарил вечерта.
– Таа вечер направив голем чекор, а утредента договоривме вечера со нејзината сестра и мојот брат. Излеговме четворицата и ја официјализиравме нашата врска. Потоа, ден по ден ми се местеа коцките во животот и тоа се благодарание на Ракел која ми беше голема мотивација во Севиља. – потенцира Хрватот.
Врската двајцата после три години ја преточија во брак, моментално имаат две ќерки, а Иван повеќе од успешно го носи дресот на Барселона.
OhridNews