Kај автобуската станица во блиска иднина нема да се гради кружен тeк
19.08.12 08:00
Проблемите на пресекот од улиците „Питу Гули“, „7-ми Ноември“ и „Кленоец“ во непосредна близина на градската автобуска станица, локалната самоуправа планира да ги решава со пренасочување на сообраќајот.
-Во моментов се изработува идејно решение за пренасочување на сообраќајот со што ќе го избегнеме сегашното вкрстосување на улиците. Можно е дел од нив да станат еднонасочни, а ќе воведеме и пешачки острови“, вели советникот за сообраќај во локалната, Зоран Шикалоски.
Новото идејно решение ќе биде ставено на разгледување пред градските советници по што се очекува негова реализација.Со намера да се надминат сообраќајните проблеми на овој потег локалната пред три години најави изградба на кружен тек, но тој проект не се реализиара.
-За да изградиме кружен тек неопходно е преместување на бензинската пумпа на „Макпетрол“. Неколку пати до нив писмено се обративме да најдат нова локација. Дури пред отворањето на станицата на „Лук Оил“ им го понудивме тој простор, но тие не прифатија. Се додека бензинската е тука ние не можеме да го изградиме кружниот тек, истакнува Шикалоски.
Во моментов просторот каде се вкрстуваат улиците: „Питу Гили“, „Кленоец“ и „7- ми Ноември“, е една од најкритичните сообраќајни точки. Станува збор за мошне фреквентен пат и во лето и во зима со оглед на тоа што од тука минуваат сите автобуси од станицата, сите возила кои доаѓаат или одат за Битола и Ресен. Гужвата на овој патен правец станува уште поголема со започнувањето на учебната година кога тука минуваат стотици ученици од ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.
Охрид има на што да се гордее: младиот тим „FixIt MK“, предводен од Дамјан Николоски, вечерва ја чека најважната одлука – дали ќе биде меѓу 20-те најдобри средношколски тимови во Македонија ш...
Градскиот плоштад во Охрид вчера беше исполнет со музика, позитивна енергија и детска смеа, откако стотици граѓани се приклучија на pop-up настанот „Чисто е убаво -Охрид селектира“, организиран од ...
На 16112025 во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 33-годишно лице од струшкото село Октиси Тој претходно околу 16:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во С...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.