Денеска на плоштад „Крушевска Република“ кај чинарот, Културното уметничко друштво „Плетенка” од Охрид, го организира својот втор меѓународен фолклорен фестивал насловен како „Плетенка“.

Настанот започнува во 18 часот со дефиле по охридските улици, а свеченото отворање на фестивалот кое ќе се оддржи кај чинарот, започнува од 19 часот.

На фестивалот ќе учествуваат многу домашни и странски групи, а на сцената ќе продефилираат учесници од Бугарија, Турција, Босна и Херцеговина, Русија, односно домашните КУД Плетенка, КУД Охриѓанка и Ансамбл Филиграни, како и една група од Богданци.

OhridNews