Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од охридското село Горенци како и против 54-годишно лице од селото Требеништа.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршиле претрес во домот на лицето од Горенци.
– Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално, односно немал соодветна дозвола за поседување и носење огнено оружје. Истиот ден, извршен е претрес и во домот на второпријавениот пришто пронајдени се 20 куршуми, 95 каписли за ловна муниција, барут, сачми и машина за рачно полненење на ловна муниција, изјави Димоски.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
OhridNews












