Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, во 17.00 часот на улицата „Железничка“ било затекнато 31-годишно лице од Република Полска, во чие престојувалиште биле пронајдени украдени предмети.
Поради пронајдените предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, како и други околности кои укажуваат дека истиот е можен сторител, а поради постоење на опасност од бегство, тој бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица Охрид.
За настанот биле известени дежурен Јавен обвинител и дежурен Судија во претходна постапка од Основниот суд Охрид.
OhridNews












