Од СВР Охрид информираат за случај на пронајден хероин кај лице од Струга. При преглед врз 34-годишен стружанец, полициските службеници пронашле две мали најлонски паковки со кафеава прашкаста материја и една кутија ампули „Диазепам“.

– Предметите се одземени за понатамошна постапка а по извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, утврдено е дека прашкастата материја преставува опојна дрога хероин со нето маса од 0,84 грама, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. 

Против лицето поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

OhridNews