Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишен стружанец.
– На 30 мај годинава, при извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се една паковка и една кеса со непозната тревкаста материја и еден шприц со непозната темна течност. Дополнително, полициските службеници пронајдоа уште една кеса со единаесет шприцови со непозната темна течност, додека во дворот од куќата на пријавениот, забележани се уште шест паковки со тревкаста материја, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка, а по добиено вештачење, утврдено е дека тревкастата материја преставува опојна дрога Марихуана, со нето маса од 37,58 грама додека темната течност во шприцевите е Хашиш-смола со вкупен волумен од 203,5 милилитри.
OhridNews


_1.jpg)









