Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29- годишно лице од струшкото село Велешта.

– На 20-ти јануари годинава, при претрес извршен во угостителски објект без ознаки лоциран во центарот на селото Велешта, со кој работел пријавениот, на две одвоени места пронајдена е помала количина опојна дрога марихуана. Полициски инспектори од Струга, во делот кај помошната кујна во висечкиот ормар од угостителскиот објект пронајдоа едно најлонско кесе со 1.75 и 1.41 грама марихуана, а во ледомат сместен во шанкот пронајдена е истурена наркотична дрога марихуана со вкупна тежина 3.27 и 27.27 грама, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Марихуаната е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Утвредено е дека пронајдената тревкаста материја е наркотична дрога од растението Cannabis со вкупна тежина од 33.7 грама.

OhridNews