
На 18-ти декември минатата година, при претрес домот на лицето, полициските инспектори пронајшле четири пиштоли и една ловна пушка, сокриени во спалната соба, во помошни простории како и во делови од облека.
Во текот на претресот, пронајдени се следниве огнени оружја: пиштол марка ТТ М 57 со калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол марка „Берета“ калибар 22мм. со една празна рамка,пиштол „Револвер“ марка Застава М83/92 со шест куршуми во него, пиштол марка „ГЛОК 17“ со шеснаесет куршуми во истиот, ловна пушка марка „Цхурцхил голд Р222“ со три патрони, една празна рамка од пиштол со кал.7.62 мм, 42 парчиња муниција калибар 9мм, заштитен елек панцир без заштитни плочи, една пластична кутија за пиштол и две пластични паковки за пиштол.
Одземеното огнено оружје и другите предмети лице се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
OhridNews











