Кајакарската федерација на Македонија (КФМ) и ККК Струга од Струга ќе бидат организатори на првиот меѓународен кајак-кану маратон „Охридско Езеро 2011“, кој е планиран да се одржи на 8 и 9 октомври.


Патеката по која ќе се одвива маратонот е Струга – Охрид – Пештани – Трпејца – Свети Наум – Подградец – Лин – Радожда – Калишта – Струга, долга 90 км. Се очекува да настапат десетина екипи од странство и од Македонија.

– И покрај одредените проблеми во организацијата, се надевам дека ККК Струга со помош на КФМ, АМС и општините Струга, Охрид и Подградец, успешно ќе го реализира овој спортски проект, прв од ваков вид – истакна претседателот на ККК Струга, Ристо Чуркоски.