Бројот на спортови со кои се занимаваат луѓето станува се` поголем , а идеите се` поневеројатни.

Минатиот викенд во Линц – Австрија се одржа четвртото по ред Светско првенство (СП) во Сноукајак. Идеен творец на овој спорт е Австриецот Томас Цимерман. Основната идеа му била да им овозможи на кајакарите да се натпреваруваат и во зимски услови.

Принципите на овој спорт се многу слични со кајакот на вода , но не и патеката и предизвиците. Натпреварувачите се обидуваат да го контролираат кајакот при хазардерските скокови и свртувања, скоро нема можност да се запре кајакот на патеката.

На годинашното СП во Линц учествуваа 120 натпреварувачи , најмногу од Австрија , Германија , Шведска , Швајцарија , Италија…