Пејачката Кајли Миног признала дека бара совршен човек со кој би го минала животот и истакнала дека во животот има се што и треба освен подобра половина. Минатата година ја раскинала врската со Андрес Веленкос и како што вели сега и е потребен партнер кој ќе може да се носи со фактот дека медиумите пишуваат за неа секојдневно, но и дека нема да можат да се гледаат постојано поради нејзините работни обврски и концерти. Таа изјавила дека може да ја освои човек кој има харизма и смисла за хумор. Освен тоа мора да знае да се носи со приказната Кајли Миног.

Се зборува дека Андрес пред крајот на нивната врска дури и ја изневерувал Кајли но и дека не можел да се носи со барањата на пејачката и нејзиниот начин на живот. Извор близок до неа рекол дека верувала како се ќе биде во ред и дека ќе го изгладат односот, но на крајот и самата почнала да се сомнева дека ја изневерува зад грб додека сеуште биле заедно.