Кик боксерот Слободан Кајмакоски од клубот  “Бушидо“  е прогласен за најсупешен спортист на Струга за 2010 година. Кајмакоси во изминатата година освои сребрен медал на Балканското Првенство, златен на Светскиот куп во Хрватска, петто место на ЕП во Азербејџан, а победи во за него третата професионална битка на ревијалниот турни во Скопје кој се одржа во чест на Јохан Тарчуловски.


Веднаш зад Кајмакоски , се најде каратистката Деренуше Мерко, додека тре заврши едриличарот Ердал Лушо.

За најспешен клуб е прогласен КК “Дрини“, а најдобар тренер Алим Хајредин. Титулата за најдобар спортист кој настапува надвор од Струга, замина во рацете на шахистката на Алкалоид и репрезентативка на Македонија , Габриела Коскоска.

Специјално признание за придонес во женскиот фудбал доби Гентина Рочи која ги брани боите на ЖФК “Наше Такси“ од Скопје, а најактивен педагог по физичка култура е проф. Вулнет Исмаили.

Ohridnews