Трета победа во третиот меч за стружанецот Слободан Кајмакоски, кој во одлично светло се покажа на меѓународниот кик – бокс турнир “Ноќ за херојот Јохан Трчуловски” организиран од Македонската кик-бокс федерација и Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски во салата “Борис Трајковски”.


Кајмакоски кој на поени го совлада бугаринот Луканов имаше пофални зборови за организацијата како и за моменталната форма во која се наоѓа.  – Задоволен сум од својот настап иако можев борбата да ја завршам уште во првата рунда. Моја цел беше да проверам колку сум подготвен и му дозволив на мојот противник да дојде малку при себе – вели Кајкамоски.



Меѓународниот турнир беше генерална конторла за македонските кик-боксери пред настапот на европското првенство (18 – 24 октомври) во Баку, Азербејџан.  По прикажаното на турнирот сметам дека сум подготвен за континенталниот собир во Азербејџан. До патувањето таму ни остануваат уште неколку денови за подготовка , атмосферата е одлична и се надевам дека ќе се вратам со медал – истакна Кајкакоски.


Стружанецот Кајмакоски e носител на сребрен медел во дисциплината лоу кик до 71 кг на 15 – то  балканско првенство во кик бокс кое се одржа во Бургас,  Р Бугарија. Тогаш тој  во  финалето претпре пораз од бугаринот Павел Филимонов во најбројната , најопасната и воедно најтрактивната категорија на турнирот.

М.П.