Во организација на Македонската кик-бокс федерација и Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски вечерва во салата “Борис Трајковски” ќе се одржи Меѓународниот турнир во кик-бок под мотото “Ноќ за херојот Јохан Трчуловски”.


На турнирот на кој ќе биде генерална конторла за македонските кик-боксери пред настапот на европското првенство (18 – 24 октомври) во Баку, Азербејџан, ќе настапат и натпреварувачи од Србија и Бугарија, а ќе се борат во дисциплините: лоу кик, К1 и ултимејт фајт.


– Мечот со бугаринот Луканов за мене ќе биде третиот професионален меч. На досегашните две борби забележав две победи и тоа над хрватот Стипе Ковачич во Таи бокс до 71 кг, и над српскиот репрезентативец Александар Топич. Настапот на овај турнир за мене е од огромно значење, да се провери моменталната форма, а задоволство е да се биде во друштво со најдобрите борци од Македонија кои заедно ќе се бориме во чест на херојот Јохан Тарчуловски – вели стружанецот Слободан Кајкамоски  кој повеќе од месец дена интенизвно се подготвува за борбата со бугаринот.

Турнирот ќе содржи вкупно девет борби од кои седум во лоу кик и по една борба во ултимејт фајт и К1.

Лоу кик: Саботковски – Проданов (Бугарија), Атанасовски – Антиќ (Србија), Ристески – Драгишиќ (Србија), Ивановски – Ламбов (Бугарија), Најдовски – Филимонов (Бугарија), Стојковски – Ѓорѓевиќ (Србија), Грошев – Селеш (Србија);

К1: Кајмаковски – Луканов ( Бугрија);
Ултимет фајт: Димитровски – Мијатиќ (Србија).