Желбата на Карји Ирвинг за заминување од Кливленд се исполна, откако клубот договори трампа со конкурентот од источната конференција тимот на Бостон.
„Коњаницата“ за услугите на Ирвинг ќе добие три кошаркари Ајзеа Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ и првиот пик од драфтот 2018 година.
Организираторот на игра сите шест сезони во НБА лигата ги мина во Кливленд, а трансфер побара со објаснување дека сака да биде лидер на екипа.
Ѕвездите во трампата помеѓу Кливленд и Бостон, Ирвинг односно Томас во иста година беа одбрани на драфтот. Ирвинг беше прв пик, додека Томас последен 60-ти, но добрата работа и одличните натпревари го промовираа како двократен ол-стар играч.
OhridNews