Организираторот на игра во тимот на Кливленд, Кајри Ирвинг до челниците на клубот доставил барање за трејд, односно за заминување од екипата.
Ирвинг во барањето навел и во кој четири тимови би сакал да ја продолжи кариерата. 25-годишниот кошаркар се гледа во Сан Антонио, Минесота, Мајами и Њујор.
Американските медиуми на некој начин го поддржаа Ирвинг, но од друга страна тие пишуваат дека тој сака да избега од сенката на Леброн Џејмс, кој е алфа и омега во актуелниот вицепрвак.
– Вистински потег во право време. Пред него е блескава кариера, наспроти онаа на 33-годишниот Леброн која полека ќе влезе во финиш. Нормално е играч како Ирвинг да биде во центарот на вниманието и да сака да се врти играта околу него, бидејќи во Кливленд тоа е невозможно. – пишуваат дел од американските медиуми.
„Коњаницата“, Ирвинг го одбра како прв пик на драфтот 2011 година, неколку дена пред Леброн официјално да се врати во старото јато по успешната авантура во Мајами.
OhridNews