По долгата пауза поради повредите бразилецот Кака на мечот се Гетафе се врати на теренот. Репрезентативецот на Бразил ги одигра последните 20 минути за кои вели дека тоа биле посебни моменти за него.

Имав тежок период и пропуштив некои работи, најмногу недостасуваа тренинзите со моите соиграчи, да се биде со нив во соблекувалната, играњето пред навивачите, ми недостасуваше задоволството од играњето фудбал. Сега сум повторно во игра, ќе го дадам најдоброто за повторно да настапувам со уживање – изјави Кака по синоќешниот натпревар.


Кака и се заблагодари на својата фамилија и на тренерот Мурињо, кои во целиот период биле негова постојана подршка.  – Сакам да и се заблагодарам на мојата жена, таа знае низ што поминував, моите родители и моите пријатели кои знаеа што се случуваше. Сакам да му заблагодарам на Мурињо за големата помош која ми ја даде во целиот период. Тој ми ја зголеми самодовербата дека повторно ќе играм -рече Кака

Реал победи, Кака` по 238 дена заигра за “кралевите“

М.П.