Некогаш најдобриот фудбалер на светот Рикардо Кака ќе биде најплатениот играч во американската професионална лига, МЛС. Бразилецот во Орландо годишно ќе заработува 7,17 милиони долари, со што на вечната листа ги престигна Клинт Демпси (Сиетл) и Дејвид Бекам кој во минатото играше за ЛА Галакси.
Инаку, Кака до почетокот на новата сезона во северноамериканската лига, како позајмен играч настапува во тимот на Сао Паоло.
МЛС реши да ја објави заработувачката на најдобро платените фудбалери кои играат во лигата. Интересно меѓу првите пет се наоѓаат тројца Американци: Клинт Демпси, Мајкл Бредли и Лендон Донован. Од европските играчи најголема плата има Џермејн Дефо кој го носи дресот на Торонто.
Играчи со најголема плата во МЛС: Кака (Орландо), 7,17 милиони долари, Клинт Демпси (Сиетл), 6,7 млн, Мајкл Бредли (Торонто), 6,5, Џермејн Дефо (Торонто), 6,18 млн, Лендон Донован (ЛА Галакси), 4,58 млн, Роби Кин (ЛА Галакси) 4,5 млн, Тиери Анри (Њујорк Ред Бул), 4,35 млн, Тим Кејхил (Њујорк Ред Бул), 3,63 млн, Џермејн Џонс (Њу Ингланд), 3,25 млн, Марко Ди Вајо (Монтреал), 2,6 млн.
„Макфакс“