Поранешниот освојувач на Златната топка на ФИФА, Бразилецот Кака, од следната година ќе игра во тимот на Орландо, во американската фудбалска лига пренесе во петокот ESPN.

Кака, почетокот на 2015 година ќе го мине во Сао Паоло, а во мај истата година ќе се пресели во Орландо.

Најдобриот дел од кариерата Кака го имаше во Милан, во периодот од 2003 до 2009 година, кога на 193 натпревари постигнал 70 голови. Кариерата започна да му оди во надолна линија од сезоната 2009/2010, кога се пресели во Реал Мадрид.

Кака како дел од репрезентацијата на Бразил во 2002 година ја освои титулата светски првак.

„Макфакс“