Последниот фудбалер кој ја освоил Златната топка пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Бразилецот Рикардо Кака проговори за нивните квалитети и ривалството.
Кака наградата за најдобар фудбалер според „Франс Фудбал“ ја освои во 2007 година пред Роналдо кој настапуваше за Манчестер Јунајтед и Меси.
– Аргентинецот е вистински гениј, а Кристијано е икона на модерниот фудбал. – рече за Меси и Роналдо, Бразилецот и додаде. – Роналдо игра поеднакво добро со двете нозе, одлично изведува слободни удари и добар е во скок игра. Затоа е Роналдо најдобар преставник на модерниот фудбал. Меси, пак, има неверојатен талент кој успеа да го развие во светски играч. Едно е јасно дека и двајцата оставија неизбршлив белег во фудбалот.
Кака имаше можност да ја дели соблекувалната со Роналдо откако заедно настапуваа во Реал Мадрид.
OhridNews











