Поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид, Кака се врати во тимот на Сао Паоло каде што ја започна фудбалската кариера.

Бразилецот кој не се најде на списокот од Сколари за Светското првенството ќе игра на позајмица во дресот на Сао Паоло додека не почне Америчката фудбалска лига каде во Орландо ќе ја продолжи кариерата.
32-годишниот фудбалер имаше успешна фудбалска приказна на Сан Сиро, а тогаш за рекордни 65 милиони евра се пресели на Сантијаго Бернабеу.
Мх.П.









