Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Рикардо Кака со погодок дебитираше во Америчката МЛС лига.
Тој донесе реми 1-1 за својата екипа Орландо во дуелот со Њујорк со гол од слободен во последната минута.
Во тимот на Њујорк пак дебитираше поранешниот фудбалер на Барселона и Валенсија, Давид Виља.
МЛС лигата е честа дестинација на фудбалските ветерани од Европа. Од следната сезона на Кака, Давид Виља, Џиовинко, Роби Кин ќе им се придружат Френк Лампард и Стивен Џерард.
Мх.П.