Целта на означувањето на храната е да се добијат битни информации кои се клучни за изборот на прехрамбените производи во малоппродажбата. Но, дали правилно ги читаме нутритивните информации истакнати на производите? Тоа е од исклучително значање бидејќи истите содржат важни информации за составот, енергетска вредност, но и за несакани состојки како алергенси и друго.

Голем број познати и реномирани научни институции за срцеви и васкуларни заболувања даваат препораки како во неколку чекори лесно и едноставно да ја прочитаме нутритивната вредност на производот.

-Започнете со информациите кои се однесуваат на порциите. Следниот чекор е да ги проверите вкупните калории по порција и пакување, односно на 100 грама и 100 милилитри, како и да ги ограничите одредени хранливи материи. Внесете доволно корисни хранливи материи и обратете внимание на препорачениот дневен внес. – советуваат стручњаците.

Организацијата на потрошувачи на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство изготви Прирачник за правилно толкување на нутритивните информации истакнати на производите во кој детално е објаснето што означуваат напишаните податоци и на што тие се однесуваат. На линкот подолу миоже да најдете повеќе информации за нутритивните информации истакнати на производите и како да ги читаме истиме.

OhridNews