Ако сакате здрава коса без испукани врвови, морате да промените нешто околу негата на косата. Испуканите врвови се резултат на неправилна грижа за косата. Ако се придржувате кон овие совети, секогаш ќе имате убава и здрава коса.

Немојте да ја миете косата секој ден

Внимавајте да не ја миете косата пречесто. Кога се мрси, косата всушност сама се обновува со помош на своите природни масла. Сосема е во ред да ја миете косата секој втор или секој трет ден.

Правилен избор на четката за коса

Ако сакате да го спречите пукањето на врвовите, внимателно изберете ја четката за коса. Најдобра е онаа со природни влакна, бидејќи се нежни спрема косата. Пластиката и металот се материјали кои треба да ги избегнувате.

Шампонирајте го само темето

Кога ја миете косата, едноставно спуштете ја главата, шампонирајте го темето, а кога ќе ја плакнете шампонот кој ќе помине преку врвовите ќе биде сосема доволен. Така ќе ги сочувате врвовите на косата здрави.

Регенераторот е задолжителен

Кога ја миете косата, задолжително на врвовите ставете квалитетен регенератор бидејќи единствено така ќе го спречите кршењето на косата.

Внимателно со пешкирот

Кога ја миете косата немојте долго да триете, бидејќи водената коса е чувствителна. Најдобро е да го ставите пешкирот на главата и да пуштите некое време да отстои,а потоа едноставно тргнете го и немојте да ја бришете косата со него.

Широк чешел за водена коса

Ако веќе ја чешлате водената коса, тоа правете го со широк чешел. На тој најчин помалку ќе ги оштетите чувствителните рабови. Најдобро е косата малку да се исуши пред да почнете да ја чешлате.

Внимателно со фенот за коса

Фенот ја суши косата и придонесува за пукањето на врвовите. Кога ја сушите косата, внимавајте фенот да не го држите преблиску до косата. Посебно внимавајте кога ги сушите врвовите. Нив би било најдобро да ги оставите природно да се исушат.

Редовно потстрижување

Ако сакате да ги избегнете испуканите врвови, редовно треба да одите на потстрижување.Барем еднаш месечно потстрижете ги испуканите врвови. На тој начин вашата коса секогаш ќе ви биде уредна и здрава.

Не – за жешките уреди

Иако денес се популарни пеглите за коса, електрични витлери и многу други уреди за обликување на косата, на сето тоа кажете му не! Имено, сите тие уреди исклучително се штетни за косата и се најбрз пат до испуканите врвови.