Преку целиот ден нашите заби се изложени на разни намирници, како што е шеќерот, газираните сокови и овошните сокови. Иако природниот овошен сок е здрав, бидете внимателни и со него, поради тоа што неговите состојки можат да ги оштетат нашите заби, бидејќи имаат голема киселост која може да ги нагризе забите.Забите може да станат чувствителни на топло, ладно, на слатка храна, а можат и да пожолтат. Затоа е многу важно внимателно да ја одбираме храната.

Постојат неколку совети кои мора да ги имате на ум за време на дневната рутина за одржување на хигиената на забите. Ако сакате да имате здрави и јаки заби, треба да се обидете со следното:
-Набавете нова четкичка за заби. Меките четки се ваш најголем сојузник, но дури и кога имате мека четка, немојте премногу да триете. Четката служи да ги отстрани вишокот на храна и киселината која се лепи за забите.
-Немојте да ги четкате забите барем еден час откако сте консумирале крана која во себе има било каков облик на киселина. Ако имате време оставете да помине барем час до час и половина. Откако ќе изедете храна која во себе содржи киселина, вашите заби се почувствителни.
-Користите сламка. Ако сте голем љубител на газираните пијалоци и овошни сокови, обидете се да ги консумирате со помош на сламка кога и да е тоа возможно. Ако не можете, тогаш пијалокот држете го што е можно пократко во усната шуплина. Колку помалку ги изложувате забите на киселини, тоа подобро. Може и да се напиете вода.

За да имате здрави и убави заби, важно е добро да ги одржувате. Редовно мијте ги забите, но внимавајте да ги миете темелно. Ако пак сакате бели заби, можете да направите третман за избелување.