Колку пати сте се затекнале некаде на излет, а целото доживување ви го расипале неколку инсекти како пчелите и осите? Сигурно тоа често ви се случува, а добро е што постои начин за да се ублажи болката, ако ве касне некој инсект.

Убодот од пчелата или осата може да ви го уништи излетот. Но, не ако во природа со себе понесете шишенце со бел оцет и кутивче со сода бикарбона. Отровот од пчелите е горчлив, затоа нанесувањето на алкална паста, направена со мешање на сода бикарбона и неколку капки вода, ќе ја ублажи болката.

За разлика од пчелините, убодите од оса се алкални, затоа нанесувањето на кисел оцет ќе ги неутрализира. А, ако сте доволно среќни да уживате во морето а сепак да ви се случи да ве „касне“ медуза, и тука ќе помогне оцетот кој ќе ја ублажи болката.

Исто така може да ви помогне мала коцка мраз и тоа пред се кај убодите од комарци, бидејќи се покажало дека спречува оток и пред се чешање на местото каде ве каснале. Меѓутоа, освен мраз не треба да го изоставите ниту користењето на есенцијални масла.

Имено, тие масла имаат противвоспалително влијание и помагаат кај проблемите со чешање и се разбира отекување, а бидејќи имаат и антибактериско влијание, помагаат и кај различните инфекции. Освен масло, не заборавајте и на медот кој делува на самото место на убод од комарец, смирувајќи ја кожата.

Сода бикарбона е одлична кај убодите, највеќе од пчели. Сода бикарбона во комбинација со вода делува одлично против црвенило, воспаленија и пецкање. Потребно е да ја нанесете на самото место од убодот.

После само неколку минути, на местото ќе забележите голема разлика. Несаканите промени на кожата веднаш ќе исчезнат. Погледнете што се имате дома од споменатите намирници за што побрзо да го решите проблемот и да го отстраните непријатното чувство после убодите од инсекти.

 

извор:savjetnica.com