Во пресрет на високите температури кои се очекуваат овој период, на иницијатива на Црвениот крст и Специјалната болница Филип Втори, ќе се одржат едукативни предавања на тема Превенција од кардиоваскуларни заболувања како последица од високите температури.

Таква работилница денеска во Охрид ќе реализира д-р Жан Митрев и неговиот тим од Специјалната болница Филип Втори. Работилницата ќе се одржи  во 09:30 часот во просториите на Црвениот крст, на ул. Димитар Влахов.

Влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани кои воедно ќе имаат можност да слушнат корисни информации поврзани со темата, а исто така да добијат и одговори на прашањата кои ги засегаат.

OhridNews