Постојат неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да го задржите тенот кој сте го добиле на вашиот летен одмор, а тие се:


Избегнувајте топла вода

Топлата вода ја суши кожата, а со тоа предизвикува таа побргу да се излупи.

Негувајте ја вашата кожа

За да го задржите вашиот бронзен тен, редовно користете лосиони за тело кои ќе ја хидрираат вашата кожа и ќе ја направат мека на допир

Носете бела облека

Еден трик за да го истакнете вашиот бронзен тен е да носите бела облека.

Бета-каротен

Докажано е дека исхраната полна со бета-каротен помага да го задржите вашиот темен тен

Пијте поголеми количини вода

Иако температурите се далеку од пеколни, тоа не значи дека треба да заборавиме да внесуваме големо количество вода во нашиот организам. Добрата хидратација на телото ќе го продолжи животот на клетките вклучувајќи ги и оние на вашата кожа.