Седумнаесеттото, летно издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, излезе од печат викендов. На 40 страници магазинот обработува актуелни теми и донесува интересни и едукативни содржини, во функција на заштита на здравјето и подобрување на здравствената култура кај нас.

„Наше Здравје“ повторно во рацете на читателите

Се разбира во актуелниот момент неодминлива тема е глобалната здравствена криза предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид 19, кој целосно го измени начинот на живот кој го познававме. Како и за многу работи, корона вирусот беше причина и за неизлегување од печат на пролетното издание на магазинот „Наше Здравје“, кој сега повторно е во рацете на читателите.

Марица Угриновска Баткоска

Повторно сме тука подготвени да подучуваме, да советуваме и да шириме позитивен дух и енергија. И овој пат, од првата до последната страна ќе сретнете мноштво од корисни информации кои претставуваат додадена вредност на идејата за здрав живот која толку многу нé обзема. А, со оглед на околностите, ваквата посакувана цел ќе ја оствариме преку перманентна едукација и лична надоградба за тоа како да се заштитиме од вирусот Covid 19. Токму затоа, на страниците на „Наше Здравје“ е поместено мега интервјуто со еден од најголемите познавачи на оваа област, д-р Никола Пановски, професор по микобиологија и паразитологија на Медицинскиот факултет во Скопје, човекот кој во овој несекојдневен период од нашата историја, својата докажана стручност ѝ ја стави на располагање на заедницата, неуморно помагајќи што полесно и што побрзо граѓаните да се изборат со тешките последици од појавата на корона вирусот. Исто така во овој број, еминентни експерти споделуваат корисни информации како да имаме поквалитетен и подобар живот. Секако, тука се и останатите совети и согледувања од областа на стоматологијата и фармацијата. – вели главниот уредник на „Наше Здравје“ Марица Угриновска Баткоска.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да го најдете во сите аптеките „Виа Фарм“ на добро познатите локации во Охрид, Струга, Вевчани, како и во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во регионот.

OhridNews